Категории

Кога е вистинско време да посетите брачен советник?

Понекогаш е најлесно да се откажете од се и да кажете дека нешто не функционира, меѓутоа, доколку го сакате партнерот, но сепак имате проблеми со секојдневното функционирање – консултирајте се со брачен советник и обидете се заедно да дојдете до решение.

Брачното советување им помага на паровите да се обидат да ги решат причините за нивните несогласувања и конфликти кои ја доведуваат во прашање нивната врска или брак. Ќе ви помогне да научите како да комуницирате, но и да ги решавате проблемите во врската без големи кавги и дискусии.

Секако дека ќе има конфликти во текот на бракот, но терапијата може да ви помогне да го извлечете најдоброто од расправијата, преку која ќе изградите посреќна врска или брак.

Кои се сигурните знаци во брачната заедница кои укажуваат дека брачниот советник е вашата следна станица?

Измама – емоционална или физичка
Ако вие или вашиот партнер сте вклучени во афера, па дури и само размислувате за тоа – брачното советување може да ви помогне да ги ставите сите карти на маса и да одредите зошто се случува оваа ситуација. Иако паровите можат да ја надминат измамата што се случила, секогаш е полесно да се реагира навреме и да се спречи оваа непријатна и болна ситуација.

Недостаток на комуникација
Веруваме дека знаете колку е важна комуникацијата за секоја врска, особено за емотивната. Ако постојано се расправате за истите ситници – има и комуникација на средина.

Бидејќи ваквите ситуации се повторуваат одново и одново, партнерите не можат да ја увидат причината зошто тоа се случува, но на некој кој набљудува од страна и е експерт многу лесно ќе дојде до коренот на проблемот.

Прегледи:
855
Објавено на:
31.03.2022