Категории

Кога љубовта тргна во погрешна насока?

Понекогаш мораш да се убедиш себеси дека едноставно не е до тебе. Не е до нешто кое си го направила, или не си го направила, или нешто кое си можела да го направиш поинаку. 

Без оглед на тоа колку пати ги повторуваш истите сцени на рипит во својата глава, никогаш нема да го откриеш точниот миг кога се замина во погрешна насока.
Читањето на пораките повторно и повторно нема да ти ги разјасни нештата, не, нема да ти ги даде одговорите кои ги бараш нити ќе направи се полесно.

Нема да го пронајдеш одговорот нити преку неговите пријатели, или неговиот хороскопски знак, или сликите кои ги лајкнува на социјалните мрежи.
Понекогаш мораш да се убедиш себеси дека едноставно не е до тебе. Не е до нешто кое си го направила, или не си го направила, или нешто кое си можела да го направиш поинаку.
И не, немој да мислиш дека не беше доволна добра, нити дека беше премногу за да може да издржи. Во вистинската љубов нема мерки, нити пресметки.
А најдоброто нешто кое можеш да го направиш за себе е да оставиш да помине, затоа што тоа е единственото нешто во твоја можност и заслужуваш нов почеток.

Прегледи:
507
Објавено на:
12.07.2020