Категории

Кога уличната уметност ќе се сретне со науката – дождовни креации со хидрофобичен спреј!

Оваа прекрасна форма на улична уметност која потекнува од Сиетл, исчезнува и се појавува пак при допир со вода!

За повеќето луѓе, дожд е депресивна работа. Но, уличниот уметник Peregrine Church одлучил да прави уникатни парчиња улична уметност, забележливи само на дождливи денови. Некои уметнички дела му се иронични, како: “404 Error: Sun not found” (Грешка 404: Сонцето не е пронајдено), а други се само забавна дистракција од дождот.

„Мојата цел е да претворам дождливи денови во нешто на кое луѓе му се радуваат. Посакувам дека сите би биле возбудени кога ќе пронајдат сокриен цртеж“ – вика уметникот кој ја дизајнирал оваа форма на уметност, која ја нарекува Rainworks (Дождовни дела)

Уметноста е направена со хидрофобичен спреј познар како Always Dry (Секогаш суво). Уметникот користи различни шаблони за да ги изработи делата, како што би направиле и со обичен спреј. Кога тротоарот станува темен поради дождот, уметноста се покажува како посветли негативни површини кои остануваат суви.

Сиетл е град кој е популарен по своите многубројни дождливи денови. Има логика што дождовната уметност се појавила токму овде. Убавината на овој конкретен спреј е што има голема термичка трајност – останува недопрен на температура од -34° C до 120° C и трае по неколку дена.

Прегледи:
471
Објавено на:
26.08.2020