Категории

Кога жена ќе реши да сврти нов лист: „Денес ти давам до знаење дека имам и други опции“

„Денес ќе се однесувам како тебе.“

„ Денес ќе се однесувам како тебе.
Денес ќе си посветам свое време и ќе одговорам на сите твои пораки. Прво ќе ги проверам своите е-мајлови, својот Фејсбук и Инстаграм, а потоа после неколку часа, кога ќе поминам се од мојот попис, толку полу-чувствително ќе одговорам на твојата порака.
Денес ќе дојдам до точка на која ќе им лајкнувам на сите мажи кои ги познавам, само со тоа да ти покажам дека не си единствен, и не си најзгоден како што си мислиш дека си.

Денес ќе ти дадам до знаење дека имам и други опции.

Денес ќе објавам нешто на социјалните мрежи, чисто да знаеш дека имав пристап до мобилниот телефон и можев да ти одговорам на пораката на време, но не го направив тоа, да знаеш дека не си мој приоритет. Сакам намерно да ти покажам дека ја видов твојата порака, но не сакав да ти одговорам кога што очекуваше, а тоа е веднаш.

Денес нема да се извинам за малите нешта кои ги правав порано, дека те игнорирам, дека не те прашав како ти поминал денот, состанокот. Нема да те испитувам затоа што сум си на себеси на прво место, затоа што знам дека секогаш ќе ми простуваш.
Денес ќе се извлечам од сето тоа, затоа што знам дека можам.

Вечерва ќе доцнам на нашата вечера затоа што не сум толку возбудена за да те видам, или да поминам време со тебе. Вечрва ќе ти дадам парчиња надеж, чисто за да можеш да се држиш за мене, но нема ништо да ти предложам нити да ти ветам, за тоа да не можеш да го искористиш против мене.
Вечерва ќе ти зборувам за себеси, за мојот ден, за моите желби и соништа, и сакам да ми го подигнеш егото затоа што тоа е единствената причина зошто се сретнувам со тебе. Тука сум поради вниманието.

Вечерва ќе ти зборувам за други мажи, за моите бивши и дека сеуште чувствувам нешто за нив, и така полека ќе ти нанесувам очај дека не си доволно добар за мене.
Вечрва кога ќе се враќаш дома, ќе размислуваш за мене, ќе те наведам повторно да ги разгледуваш моите зборови и што сакав со нив да кажам и што всушност сум мислела.

Вечерва ќе одам на спиење, без да ти посакам добра ноќ, не сакам да помислиш дека те посакувам уште повеќе. Вечерва ќе те доведам до состојба да се чувствуваш потполно сам. Вечерва ќе направам да се чувствуваш како и баш да не сум заљубена во тебе.
Вечерва ќе ти го скршам срцето и само ќе ја потпрам главата на перница и мирно ќе заспијам. “

Прегледи:
724
Објавено на:
22.12.2019