Категории

Кои јагленохидрати треба да ги консумирате секој ден?

Велат дека јагленохидратите се нашите најголеми непријатели кои се виновни за вишокот килограми. Но, дали е тоа точно?

Постојат јагленохидрати без кои нашето тело правилно не може да функционира и тие треба да бидат на нашето мени секој ден.

 

Црн леб и макарони

Овие производи содржат многу влакна, а потребно им е помалку време за да се обработат, така што ќе овозможат да останеме сити подолго време. Ова значи дека енергијата на јагленохидратите ќе се троши побавно и ќе имаме енергија подолго време. Во исто време тие содржат и витамин Б, кој што е многу важен за метаболизмот.

 

Грав и други мешункасти плодови

Црниот грав, сланутокот и леќата содржат многу фолна киселина, магнезиум, растителни влакна и калиум. Сите овие елементи ни помагаат да го намалиме шеќерот во крвта, да го подобриме нивото на холестерол и целокупното здравје.

Овошје

Овошјето не е поврзано со јагленохидратите, но заради шеќерот, тоа спаѓа во оваа категорија. Плодовите се полни со витамини, минерали и антиоксиданти. Избегнувајте купување на неоргански праски, јагоди, грозје, јаболка, боровинки и цреши, бидејќи може да имаат повеќе пестициди.

Зимски тикви

Зимските тикви се полни со растителни влакна и хранливи материи, како што е бета-каротин, што ни помага да го подобриме видот и витаминот А, кој се грижи за здравјето на белите дробови. Тие исто така имаат витамин Ц, кој спречува создавање на брчки и го подобрува имунолошкиот систем.

 

Житарки од цели зрна

Меѓу нив се кафеавиот ориз и овесот. Овие се најздравите јагленохидрати затоа што нашето тело брзо ги вари.

 

Кои јагленохидрати треба да ги избегнуваме?

Бел леб, бел ориз, чипс и житарки кои имаат маснотии.

Прегледи:
1183
Објавено на:
10.09.2019