Категории

Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

Лукот е една од најсестраните и најкорисни билки кои можеме да ги вклучиме во нашата исхрана, а притоа им дава и одличен вкус на јадењата. Низ годините, лукот се користел и како лек за превенција или лекување на широк спектар на болести и здравствени состојби.

Меѓутоа, постоајат шест групи на луѓе кои би требало да ја избегнуваат неговата консумација:

1. Пациенти пред операција – најмалку две недели пред операцијата, бидејќи може да го продолжи крварењето.

2. Лица со низок притисок – бидејќи значително го намалува притисокот.

3. Лица кои имаат проблеми со црниот дроб – може да создаде мачнина и да ја влоши состојбата.

4. Лица кои боледуваат од очни болести – особено лицата кои имаат и нарушено здравје.

5. Лица кои страдаат од дијареа – ги стимулира цревата и може да доведе до хронично воспаление.

6. Лица со анемија – некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лук може дополнително да ја влоши сосотојбата.

Прегледи:
377
Објавено на:
18.11.2016