Категории

Kои се најдобрите години за кариера , среќа и љубов?

Луѓето се најздрави на 30, најбогати на 47, а најубав е сексот на 32 години, покажуваат резултатите од новото истражување во Британија.

Во истражувањето учествувале 2.000 мажии жени од Велика Британија. Резултатите покажуваат дека луѓето се чувствуваат најсреќни на 39 години, а имаат најдобро здравје на 31 година.

Врв во кариерата просечниот Британец достигнува на 38-та година од животот. Други важни години од животот се 40-те.

Во 40-тата година се чувствува најсилно задоволство во љубовта, додека финансиската состојба е најповолна на 42 години. Само три отсто од испитаниците признаваат дека сакаат науката да напредува така што да можат да си обезбедат вечен живот.

Во љубовта податоците покажуваат дека на 24 години паровите изневеруваат најмногу, а на 32 имаат најубав секс.

Прегледи:
306
Објавено на:
29.04.2016