Кои се најголемите комплекси на секој хороскопски знак?
Овенот се плаши од зависност од другите
Припадниците на овој знак на прв поглед се многу самостојни и самоуверени, но тој нивни став често е привиден. Всушност, нив им е страв да зависат од другите бидејќи така им го диктираат и расположението. Од блиските луѓе потребна им е поддршка и внимание, инаку стануваат несигурни или депресивни. Тогаш ги примаат особините на „негативната Вага“ – несигурност, неодлучност, пасивност, голем замор и фрустрираност.
Бикот се плаши од несигурност
Без разлика дали во љубовта, финансиите или во професионална смисла, најголемиот внатрешен страв на припадниците на овој знак е несигурност и чувството дека немаат контрола над ситуацијата. Така во врската ќе им треба долго време за да стекнат доверба во партнерот и да го изгубат чувството дека тие се оние кои повеќе сакаат во врската. Ако се чувствуваат лошо ги преземаат карактеристиките на „негативната Скорпија“ – посесивност, лутина, обвинување, освета.
Близнаци се плашат дека не се доволно добри
Колку и да се комуникативни и експресивни, Близнаците се свесни за променливото расположение и поприлично се комплицирани. Иако околу себе имаат голем број луѓе со кои се согласуваат да го прифатат она што се. Во кризни ситуации преземаат карактеристики на „негативните Стрелци“ – не сакаат да слушаат туѓи објаснувања, главата им е во облаци и стануваат саркастични.
Ракот се плаши од потценување
Припадниците на овој знак поприлично се чувствителни на тоа колку често другите ги сметаат за важни во нивните животи. Нивната несигурност излегува на виделина во ситуации во кои се чувствуваат запоставено, несакано или ако ги прозиваат дека нешто не направиле како што треба. Тогаш ги попримаат карактеристиките на „негативниот Јарец“и стануваат песимистични, се повлекуваат во себе и се сожалуваат.
Лавот стравува дека луѓето ќе престанат да го сакаат
Губењето на положбата и јавното понижување се ситуации во кои припадниците на овој знак покажуваат слабост. Ако случајно некој ги игнорира нивните потреби и желби, на виделина излегува нивната внатрешна несигурност дека на блиските не им значат онолку колку што самите сметаат дека би требало. Тогаш ги примаат карактеристиките на „негативната Водолија“ и стануваат саркастични, повлечени во себе и бегаат од оние кои ги повредиле.
Девицата се плаши дека другите ќе ѝ ги прочитаат мислите
Припадниците на овој знак се навикнати да имаат ладнокрвна маска која ретко кој може да ја скрши, а таа всушност им служи за криење на внатрешната несигурност. Нивниот примарен комплекс е дека не се толку добри, вредни, способни или шармантни како што оставаат впечаток, па чувствуваат постојан притисок дали ќе го одржат доброто мислење. Во стресни ситуации ги примаат карактеристиките на „негативните Риби“ – се плашат, емотивни се, деструктивни и хистерични.
1 2