Категории

Кои типови на луѓе ги сретнуваме на Фејсбук?

Фејсбук профилот на еден корисник е релативно точен приказ и одраз на неговата личност, поради тоа што сопственикот сака на својот профил и во виртуелниот свет да биде доследен на себе, или поради тоа што не успева да ја одржи лажната идеализирана претстава за себе на долг рок.

Иако можеби се чини неверојатно, докажано е дека при креирање на нашиот фејсбук профил, не создаваме толку совршена слика за себе бирајќи само убави фотографии, пишувајќи само одредени мудрости, внимателно одбирајќи музика и филмови – туку профилот многу често го “украсуваме” со неспретен избор на зборови, фотографии на кои изгледаме смешно, статуси кои се зачинети со лутина, тага, огорченост и други дневни емоции искажани во афект, па поради сето тоа, фејсбукот претставува автентичен одраз на личноста.

Од тоа што го прикажувате на фејсбук, вашите пријатели создаваат слика за вас. Откријте која Фејсбук етикета може да ја добиете, а која би им ја препишале на своите пријателите.

Спикери

“Трамп победи на изборите”. Спикерите секогаш сакаат да бидат во тек со најновите случувања, а најважно од се, први да ја објават новата вест.

Статус репортери

“Чекам автобус “, “Пијам кафе”. Репортерите не известуваат за секој чекор и активност во текот на денот, па се чувствуваме како да сме постојано со нив.

Фалбаџии

“Секој ден се соочувам со бура од понуди за работа поради моите високи квалификации. Ми треба одмор”. Фалбаџиите се наметливи и неумерени самопромотери.

Филозофи

“Единствено нешто кое не можете да го контролирате се вашите мисли”. Филозофите секогаш се расположени за мудрување, а најчесто тоа преминува во патетика бидејќи пишуваат мисли кои веќе се кажани многу пати.

Самосожалувачи

“Зошто мојот живот мора да биде толку тежок?” Самосожалувачите се негативци кои уживаат во меланхолија и сочувството од страна на другите.

Комичари

Комичарите се дефинитивно автори на најсимпатичните објави. Нивниот пристап на животот е ведар, па поради тоа и нивните статуси кои се бегство од секојдневните проблеми и стресот се најчитани и споделувани.

Прегледи:
472
Објавено на:
16.08.2017