Категории

Кој бил св.Труфун и зошто се празнува?

Февруари е месец познат по празникот Свети Трифун којшто се слави на 14-тиот ден според новиот календар. 

Свети Трифун бил познат по својата исцелителна моќ којашто ја добил од вербата кон Бога.

Со својата исцелителна моќ тој се прочул надалеку и за тоа дознал дури тогашниот римски император Гордијан.

Ќерката на Гордијан боледувала од душевна болест, па затоа императорот го повикал Трифун за да ја излечи.

Трифун тоа и го сторил, а за тоа добил награди коишто понатаму ги поделил на сиромашните.

Сепак, за време на владеењето на царот Децение, било наредено св.Трифун да се затвори бидејќи царот бил противник на христијнството.

Свети Трифун бил измачуван неколку дена, а на денот кога требало да биде погубен, на 14-ти февруари тој од умор и истоштеност паднал и починал.

Токму затоа христијанската црква го слави свети Трифун како исцелител, а овој ден се смета како ден на лозарите, ден кога се закројуваат лозјата.

Лозарите го посипуваат лозјето со вино и веруваат дека свети Трифун ќе им помогне да имаат благородна година.

Прегледи:
187
Објавено на:
04.02.2024