Категории

Кој ден според астрологијата е добар да започнете нешто ново

 

Четврток

Јупитер владее со овој ден, планетата на растот и проширувањето. Доколку планирате да започнете работа од која очекувате добра заработка или пак купувате стан, автомобил и слично започнете во четврток.

Четвртокот е добар за организација на добротворни забави, хуманитарни акции и слично. Добар ден е за молитва, за почеток на учење на странски јазик или одлука за патување во странство.

Но во четврток немојте да се впуштате во хедонистички уживања и во претерување со храна, пијалак и шопинг особено ако сте потенцијална шопингохоличарка.

Петок

Петок е ден кој им е омилен на сите, тој е емотивен ден со кој владее Венера па е одличен за вљубување, венчавки, почеток за заеднички живот, запросување или пишување на љубовни песни.

Уметниците и дипломатите можат да очекуваат зголемена продуктивност и во петок треба да се посебно активни.

Петок е одличен ден да го посетите гинекологот, фризерот, козметичарот…Освен тоа е идеален за пласирање на нови идеи и преговори околу креативни проекти.

Сабота

Во сабота посетете ги родителите бидејќи во сабота владее Сатурн, планета кој не поврзува со корените и потеклото.

Подарите им на постарите или сиромашните нешто. Посетите планински места. Идеален ден кога можете да ги разгледувате семејните албуми и наследството.

Одличен ден за археолозите, геолозите, рударите…Не е добро во сабота да почнете да градите куќа но е одличен за обнова на старите.

Недела

Како и понеделник и недела може да се поистовети со англискиот јазик.

Sunday или сончев ден, па е јасно дека со неа владее Сонцето. Договорите со мажот и таткото тогаш се најуспешни.

Почеток на планирање на работи, смислување на кампањи како маркетиншки така и политички. Недела е одличен ден за воведување на правила во работењето, во компанијата во домот.

Сакате унапредување? Договорете неформален состанок со оние кои одлучуваат за тоа, бидејќи нема да зажалите.

Одличен ден за приредби, јавни настапи па затоа задолжително искористете го овој ден ако сакате да го добиете вниманието и поддршката на оние околу вас.

1 2

Прегледи:
701
Објавено на:
24.04.2016