Категории

Која е опсесијата на вашиот хороскопски знак?

Дали сте размислувале за тоа дека работите кои ги сакате всушност имаат врска со вашиот хороскопски знак?

Хороскопските знаци зборуваат многу за нас, од нашите скриени способности до начинот на кој бираме мебел, а можат и да објаснат зошто некои од нашите омилени работи делуваат контрадикторно и не одат заедно.

Можеби поради вашиот знак вашата личност е толку слоевита и со многу лица. Секој знак има омилени работи, кои се вашите?

Овен

Овенот обожува авантури, натпреварувања, моментот пред што ќе се спушти низ тобоган, танц на гласна музика и толку гласно смеење што едвај ќе дише.

Бик

Биковите ги сакаат ноќите кои ги поминуваат гледајќи љубовни филмови, празници, топол кревет и скапа постелнина, првиот залак на вкусната храна за која сонувале и уживање во нешто што самите го постигнале.

Близнаци

Близнаците обожуваат да се смеат со некого. Тие сакаат дождливи ноќи и сончани денови, предолги разговори, сакаат да зборуваат за авантури, да бидат со луѓе и да пронаоѓаат сјајни ресторани.

Рак

Ракот сака прегратки, зимска гардероба, гледање на серии, будење пред сите други во текот на одмор. Исто така се љубители на врнежливите денови кои ќе ги поминат со книга, чај и тост, а особено сакаат да располагаат со недвижности.

Лав

Лавовите обожуваат да бидат во центар на вниманието! Освен тоа, многу сакаат да пронајдат парче добра гардероба на распродажба, сакаат да знаат делови од Шекспировите драми на памет, а и да уживаат во добро вино и патувања со пријатели.

Девица

Ако некој сака да ужива во самотија и да бара решение за некоја дилема, тоа е Девицата. Вредните Девици исто така сакаат и да ги исполнуваат своите планирани деловни цели, но и да се опуштат по напорниот ден и да слушаат приказни од родителите за нивното детство.

1 2

Прегледи:
820
Објавено на:
28.07.2016