Категории

Која е убавината на стареењето?

Сите ја сакаме младоста но всушност постојат работи зошто треба да му се радуваме на стареењето. Прочитајте го овие 10 факти поради кои свеќите на роденденската торта повеќе нема да ви изгледаат толку страшно…

Знаете кои ви се важни работи

Како постара личност која веќе направила доста грешки во животот, повеќе нема да имате бессони ноќи поради мислењата на луѓето кои воопшто не ви се важни во животот. Ќе знаете кој и што го заслужува вашето внимание!

Искуство

Ќе ја имате школата на животот, а секоја година како стареете ќе имате 365 дена плус искуство кое ви оди во прилог. Бевте сведок на многу настани, па сега ќе можете да им ги понудите своите мудри зборови на другите.

Нема веќе брзање

Повеќе нема да брзате да ги исполните сите ваши замислени цели. Пронајдовте работа и партнер кои ве исполнуваат, сега ќе се посветите на работите кои сакате да ги правите.

Кога ќе бидете постари ќе си ги одредите своите приоритети.

Нема веќе проблеми

Во умот повеќе нема да ви пловат оние „што ако“ прашања, што ако имам бебе или што ако не магистрирам. Ќе знаете што сакате и нема да ги задоволувате сите и нивниот замислен план за вашиот живот со кој не се согласувате.

Станавте самостојни

Нема да чувствувате притисок дека мора да ги пратите модните трендови, како колешките од факултет, сега ќе се облекувате комфорно и од глава до прсти како што сакате. Толку ќе бидете самоуверени и нема да се заморувате со баналности што често ќе го прескокнувате дрес кодот.

Зголемена самодоверба

Ќе знаете точно кој сте, па ќе бидете комфорни околу својот карактер и изглед. Целите 20-ти години ги поминавте трудејќи да се вклопите, а сега ќе знаете да го сакате и тој некој килограм плус во пределот на вашите бутини.

Имате услови

Ќе имате време и извори за да бидете спонтани, да го правите она што го сакате и кога сакате. Овој луксуз го имавте можеби кога бевте луда средношколка чија единствена обврска беше часот по танцување, сега имате пари, појдете во Мексико!

Добар секс

Можеби не ви изгледа веројатно сега, но искуството, самодовербата и научените сексуални вештини ќе ви го направат сексот подобар. Несигурноста од 20-тите години околу своето тело ќе исчезне.

Прегледи:
403
Објавено на:
11.09.2016