На социјалната мрежа Инстаграм се шири нов тренд, а тоа се фотографии од колачи и сладоледи, кои се инспирирани од боите на галаксијата.
Колачите изгледаат нестварно, но се дела на креативни луѓе кои одлучија да ги споделат со целиот свет.
Колачите не само што се вкусни, туку се и здрави, затоа што можат да ги јадат и вегани. Корисниците на Инстаграм се натпреваруваат кој ќе направи најдобар деликатес, а на фотографиите може да се видат бисквити, крофни, сладоледи и овошје.
За да се добијат неверојатни бои, се користат боите на храната, бело чоколадо и грчки јогурт. Од “алатки”, се користат четка, морски сунѓер и пергамент хартија. Најубаво од се е тоа што овие готвачи ги делат своите рецепти со корисниците на Инстаграм, па така секој може да проба да ги направи овие необични колачи.