Категории

Колку долго би требало да трае нормалниот секс?

Покрај приказните за големината, која е една од вечните теми кога станува збор за сексуалните односи, посебно интригантна е и онаа за нормалното траење на сексуалниот однос.

Сексот е многу повеќе од самиот чин и ејакулацијата, но сепак постојат норми за тоа колку би требало да трае сексот, а во контекст на тоа помалата минутажа се смета за нешто со што мажите не би требало да се гордеат.

Меѓутоа, што вели истражувањето? Неодамнешната студија спроведена врз 500 луѓе во пет различни земји – Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција и САД, настојува да одговори на прашањето колку трае просечниот сексуален однос.

Во студијата учествувале мажи постари од 18 години, кои се наоѓале во стабилни врски кои траеле најмалку шест месеци. Во предвид е земен и фактот дали мажите се обрежани, како и дали во текот на сексот користеле кондом.

Паровите биле набљудувани во период од четири недели, а за време на сексуалниот однос користеле штоперица.

Ова всушност не само што звучи бизарно, туку навистина и е. Учесниците морале да притиснат “старт” на штоперицата на почетокот на пенетрацијата, како и “стоп” после ејакулацијата.

Потребно е да се земе во предвид и дека ова секако влијаело на спонтаноста и природноста на сексуалниот однос, но бидејќи научните студии инаку не се во целост прецизни, ова е најдоброто што можеме да го добиеме.

Па така, просечното време кое е потребно за ејакулација е од 33 секудни, па се до 44 минути, додека просечната вредност од пенетрацијата до ејакулацијата изнесува 5,4 минути.

Прегледи:
615
Објавено на:
06.04.2016