Категории

Колку што е убаво, толку е и отровно. Ова е најзагаденото место во светот?

Во 1940 година, во близина на езерото Карачај се сместила тајната руска фабрика за нуклеарно оружје и плутониум. Денес ова езеро е затрупано во бетон, а околните жители се изложени на радијација…

Прекрасното езеро Карачај се наоѓа во Русија и толку е убаво што ќе ви го одземе здивот. Но, колку што е убаво толку е и смртоносно. Карачај и службено е најзагаденото место на планетата и за само еден час поминат во негова близина, може да примите смртоносна доза на радијација.

Причината за огромната количина на зрачење е нуклеарниот погон кој престанал со работа во 1957 година, по несреќата во која откажал системот за ладење. Се работело на советски проект за атомски бомби.

По Втората светска војна, Советскиот Сојуз заостанувал во развојот на нуклеарниот арсенал во однос на САД, па забрзано се работело на истражувања и проекти, за да се произведе доволна количина на ураниум и плутониум.

Имено, плутониумот испушта алфа зрачење кое поминува низ нашето тело. Доколку дојде до удирање со молекулите во нашето тело, може да дојде до сериозно оштетување на хромозомите.

Еколошките проблеми не се земале во предвид во фазите кога се развивала нуклеарната програма. На почетокот високо радиоактивниот отпад се фрлал во реката Об, патувајќи се до Арктичкиот океан.

Подоцна езерото Карачај се користело како складиште на отворено, а по експлозијата радијацијата станала смртоносна.

Жителите биле евакуирани, но и покрај тоа, голем број на луѓе не сакале да се преселат, па и денес ја вдишуваат контамираната прашина и воздух и пијат загадена вода. Сепак, кон езерото не се приближуваат, а процентот на смртни случаи и рак очекувано е огромен.