Категории

Колку време му треба на човека за да признае дека е вљубен?

Така седам у соба ,

полн со тага во мое срце.

Лечам рани кои се невозможи да се лечат.

Неа ја нема.

Гледам низ прозорец само бледи лица проаѓаат по тие кошиња.

Каде ви е љубовта?

А каде ли ми е мене.

Во што се разликувам јас од останатите.

Ме гризе совеста. Ме пече искреноста. Ме боли срцето.

Колку време му треба на човека за да признае дека е вљубен?

Колку време му треба на човека за да ја признае лагата?

Колку време му треба на човека за да заборави на се ?

Колку време ли ?

Вечност ?!?

И онака седам до прозорец и ги бројам деновите кога ќе помине таа.

Ми недостасува ете понекогаш.

Понекогаш помислувам да и се јавам само онака да и го слушнам гласот. Но се премислувам, си викам не и сум потребен јас.

За што, за само да ми ги излече раните ли од душава ?!?

Но ете има денови кога постојано ми недостасува.

Сакам да е до мене , ме насмевнува.

Убава е . Прекрасна.

Но понекогаш и размислувам што ќе ми е кога сеуште не научив како се љуби жена.

Колку ли само да ја повредам ?

Потајно се прашувам дали еден ден искрено ќе љубам .

Можеби ќе боли

Претерано да боли .

Да те кине од внатре.

Да ти се крши душата на илјада парчиња.

А понекогаш пак размислувам и си викам , можеби е најубавата работа на цел свет љубовта.

Нема да боли доколку искрено ја даруваш.

Нема да боли доколку знаеш да ја цениш.

Нема да боли доколку ја поседуваш.

ете не знам .

Но ќе научам, и ќе љубам како никој друг. Ете како што ја љубам неа.

Љубов која е невозможна да е до тебе.

Како што љубовта е тешка, така и таа.

Не доаѓа. И не доаѓа.

И ете седам во собата , преполна со тага. Чекам нови денови на надеж, нови денови на љубов, ново сонце па макар и дожд.

Чекам права љубов.

Ја чекам неа.

Да дојде под прозорецот .

Да ми се насмевне и да рече – Те сакам !

Сега и засекогаш.

Белешките на Дариа Јохан

Прегледи:
567
Ознаки:
· ·
Објавено на:
21.02.2016