Категории

Компанијата „Дени Интернационал“ започна со изградба на нов логистички центар кој вреди 4.5 милиони евра

„Дени Интернационал“ започна изградба на нов модерен логистички центар во економската зона Илинден, во близина на Скопје. Тоа ќе биде инвестиција од 4.5 милиони евра, која ќе обезбеди 80-90 нови работни места.

Објектот ќе се гради на површина од 70000 квадратни метри земјиште, од кои 12000 ќе бидат магацински простор, 1000 административен дел и канцеларии и сместувачки капацитет за околу 400 товарни и други комерцијални возила. Центарот се очекува да биде готов за една година.

Заменик извршниот директор Дејан Јакимовски потенцира дека „Дени Интернационал“ ќе остане, како и досега, лидет во транспортно-логистичките услуги во државата.

На отварањето присуствуваше и премиерот Оливер Спасовски, кој кажа:

„Во овие сложени услови за деловно работење предизвикани од Ковид-19, сопственикот и менаџментот на „Дени Интернационал“ не се откажаа од реализацијата на стратешките цели на компанијата насочени кон континуиран раст и развој на организацијата, проширување на дејноста, зголемување на профитот, меѓутоа не се откажаа ниту од раст на економијата во сопствената земја“.

На отварањето се обрати и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој упати честитки на компанијата и нагласи дека оваа семејна фирма е општествено одговорна компанија.

Прегледи:
714
Објавено на:
01.07.2020