Категории

Конечно објаснување зашто очите ни се црвени на фотографии

Сите не нервира кога црвените очи ни ја уништуваат речиси совршената фотографија, сме се прашале многупати зошто се појавуваат тие црвени очи. Иако одговорот нема да ни ги отстрани црвените очи, сепак конечно имаме објаснување. 

6942710-02-1475234512-650-f7484ca2ca-1-1475242023

Кога има слабо осветлување, зениците се зголемуваат за да повеќе светлина влезе во окото. Кога светлината од блицот влегува во окото, зениците немаат доволно време да се прилагодат, т.е. стегнат.

Затоа, количината на светлина која влегува во очите се одбива од црвените крвни садови на хориоидниот, слој на сврзното ткиво во задниот дел на окото. Кога блицот на камерата ја активира, богатата со крв, ретина, тоа резултира со ефект на црвени очи.

6942660-1280px-boldredeye-1473708179-650-e8fb92c263-1475242023

Причината за црвените очи на фотографии е бидејќи гледате директно во леќата од камерата. За да го избегнете ефектот на црвено око, едноставно потрудете се да гледате во објект на светлина што се наоѓа во близина. Некои модерни камери чиј блиц светнува пред да се фотографира, давајќи му на окото време да се адаптира.

Рефлекцијата варира од човек до човек, во зависност од големината на зениците, староста и бојата на очите. Обично луѓето со светла кожа и сини или зелени очи имаат помалку меланин и може почесто да имаат црвени очи на фотографии.

Прегледи:
686
Објавено на:
01.10.2016