Категории

Конечно, откриено кој стои зад гласот на Големиот Брат

Иако продукцијата ја модифицира бојата на гласот на Големиот Брат и тој звучи како робот за да никој не може да го препознае, откриено е кој секој ден три месеци ги надгледуваше станарите и разговараше со нив во исповедалницата.

Станува збор за Борис Триван (37), популарен блогер, кој сите го знаат под псевдонимот Покојна Милева.

– Нема да ве прашам како ме откривте, секоја ви чест. Меѓутоа, поради договорот со кој сум врзан не смеам да ви кажам ништо поврзано со шоуто – изјавил Борис за 24 сата.хр.

Додава дека за три месеци, колку што се снимало реалното шоу, добро се забавувал, но едвај го дочекал неговиот крај бидејќи улогата на Големиот брат е многу напорна.

Борис ги викаше станарите во исповедалницата и разговараше со нив.. Им делеше задачи, ги казнуваше доколку не ги исполнат и ги тешеше кога им беше тешко.

Триван под псевдонимот Покојна Милева со остри коментари се шегува на сметка на политичарите и естрадните личности од регионот.

Прегледи:
511
Категории:
Шоу-бизнис
Објавено на:
08.02.2016