Категории

Конечно откриено од што почина славниот Принц

Дури две години по неговата смрт, конечно се дозна како починал славниот пејач…

Кога познатиот пејач Принц почина пред две години, целиот свет беше во шок и солзи. Пејачот го остави овој свет на 57 години, а причината за смртта беше откриена токму сега, две години по трагичниот настан. Имено, најновиот извештај покажува дека музичката икона во времето на смртта имал смртоносна доза на фенталин во крвта.

,,Износот што е пронајден во неговата крв е премногу голем за некој кој е во хронична болка”, изјави д-р Луис Нелсон за Daily Mail. Принц, со полно име Принц Роџер Нелсон, бил пронајден мртов на 21-ви април 2016-та година во лифт во неговиот дом во Присли Парк. Претходно беше споменато дека пејачот бил неколку пати за кратко време во посета на блиската аптека, и таа информација сега е логично поврзана со причината за смртта.

Сепак, експертите истакнаа дека не постои смртоносна доза на фенталин, но е проблем во лесен развој на толеранција за лицата на кои им се припишува. Дозата што го убила познатиот пејач може да спаси нечиј живот, но Принц изгледа претерал оваа супстанција, а таа, наместо да му помагне, го чинеше животот.

Прегледи:
534
Објавено на:
27.03.2018