Фановите на мега популарната „Игра на тронови“ веќе навистина долго време се во неизвесност во однос на последната сезона на оваа серија.
Се очекуваа повеќе епизоди, за да продуцентите ја соопштат веста дека сепак ќе има само 6 епизоди, кои ќе бидат и последни, а никакви вести во однос на премиерата на осмата сезона не беа излезени, се до сега.
Софи Тарнер, која ја игра Санса Старк, во недоамнешно интервју откри дека следната сезона ќе ја гледаме во 2019 година, но ништо повеќе. Фановите нестрпливи и со многу прашалници, се прашуваа дали ќе биде тоа јануари 2019 или пак декември? Но, сепак нема да се чека многу.
Мејси Вилијамс, која ја игра Ариа Старк, откри дека последната сезона ќе ја гледаме пролетта во 2019, поточно во април.
„Завршуваме во снимање во декември, а првата сезона ќе биде прикажана во април. Тоа е период од четири месеци за овие обемни епизоди.“ раскажува таа. „Многу работа има во обработката на епизодите. Не би сакале да се брза со тој процес. И должиме на публиката оваа сезона да биде најдобра што може да се направи.“
Што значи ни останува нешто повеќе од година за завршетокот на една од најпопуларните телевизиски серии досега, а најавите се дека не очекува прилично емотивна и интересна завршница.