Категории

Коренот од жен шен има неверојатни лековити моќи, а сега можете да пробате и ракија од жен шен!

Жен шен е лековита билка која се користела во кинеската култура со векови. Во Азија, е позната како „чудотворен корен“ поради својата форма. Коренот на жен шенот е цилиндричен и има форма на човек, од каде што доаѓа и самото име – „жен“ – човек, „шен“ – растение.

Денес, жен шенот се користи насекаде во светот и може да се најде во облик на капсули, таблети, прашок како и во креми за топикална употреба. Причината за неговата сé поголема употреба се должи на неговите неверојатни дејствија кои ја подобруваат општата благосостојба на здравјето на човекот.

Имено, жен шенот ја подобрува виталноста и долговечноста, влијае на концентрацијата и ја зајакнува меморијата, влијае на менталната и физичката способност на човекот, го потпомага имунитетот и го штити од инфекции, како и го намалува нивото на стрес. Со секое ново научно истражување, бројот на неговите корисни ефекти сé повеќе се зголемува. Па така, денес жен шенот се користи и во третманите на канцер и хепатитис Ц.

Во лабараториски студии се докажало дека жен шенот има антиалергични, антистматични и антиинфламаторни ефекти поради што станува еден од најпопуларните хербални лекови.

За да се искористи коренот од жен шенот, потребно е негово одгледување и до 8 години.

Кинезите, нашле примена на оваа древна билка и во својата кујна. Најчесто, го сечкаат или го дробат во традиционалните супи, во подготовка на ориз, специјалитети со пилешко и печурки.

Но, еден од специјалитети на кој му се придава особено значење е светски познатата ракија од жен шен.

Ракија од жен шен е традиционално северно кинески напиток која се прави од комбинација со кинеската печурка Реиши позната како кинеско злато, гоџи, морска ѕвезда и рогови од елен. Оваа ракија можете да ја пробате и кај нас, во кинескиот ресторан Star Ocean.

Од Star Ocean, најчесто го препорачуваат со полесен оброк поради итензивниот вкус на ракијата, и совршено оди со салата.

За оваа ракија кинезите велат: „Иако се опиете од истата не боли глава.“ Често ја конзумираат во помали колични заради нејзините лековити својства. Помага и за кичмата, ја подобрува циркулацијата на крвта и го зајакнува имунолошкиот систем.

 

 

View this post on Instagram

 

Ракија од жен шен е традиционално северно кинески напиток која се прави од комбинација со кинеската печурка Реиши позната како кинеско злато, гоџи, морска ѕвезда и рогови од елен. Идеална е во комбинација со салата. Кинезите велат: Иако се опиете од истата не боли глава. Лековита е за кичмата, ја подобрува циркулацијата на крвта и го зајакнува имуниот систем. До крајов на месецот пробајте ја оваа ракија по намалена цена 👉160 денари со -20% за само 130ден. #starocean #skopje #skopjecity #chineserestaurant #chinesecuisine #chinesefoodlovers #ginseng #ginsengbrandy #brandy #healthy #behealthy #foodiegoodie #tasty #instafit #family #friends #happiness #love #health #фотонаденот #инстаграмџики #инстаграмџии #инстафуд

A post shared by Star Ocean Chinese Restaurant (@staroceanrestaurant) on

Во овој ресторан можете навистина да ја почуствувате кинеската култура, целосниот амбиент и храната ве носат во некои далечни предели. Ова е место кое вреди да се посети, а до крајов на месецот неколку специјалитети, меѓу кои и ракијата од женшен можете да ги пробате со специјални намалени цени.