Категории

Крајно површни причини за да се заљубите во некого

Еве некои површни причини кои заљубените ги наведуваат, обидувајќи се да објаснат што е она што ги направило да ја „изгубат главата“.

Срцето понекогаш нема нималку памет а ние со години ги плаќаме неговите погрешни избори. Љубовта е слепа, не ја бира паметот – туку срцето, го знаеме тоа, но кога ќе се запрашаме зошто некој ни се допаднал, што не привлекло и поради што проработиле пеперутките кои никако не сме можеле да ги игнорираме, нити да ги смириме, самите себеси си делуваме банално, будалесто и смешно.
Еве некои површни причини кои заљубените ги наведуваат, обидувајќи се да објаснат што е она што ги направило да ја „изгубат главата“.

Чита весници
Во вашата глава е слика на сериозен академски граѓанин, кој активно ги прати друштвените случувања а тоа значи дека е стабилна и темлна личност на која можете да се потпрете. Ако барате стабилност и татковска фигура, ќе се заљубите во некој кој чита весници и носи наочари (како вашиот татко, дедо или некој професор), кој за вас претставувал симбол на солидност и почит, пред да стигнете да се уверите во тоа дали карактерот и особините на таа личност одговараат на вашиот впечаток.

Недостижен е
Во зависност од вашите љубовни модели, кои сте ги усвоиле на несвесно ниво во раното детство, ќе се заљубувате во типови кои се студени и претставуваат „пасивен мамец“. Со нив ќе го имате сиот оној адреналин и поттик – ќе се трудите да го скренете неговото внимание и интерес бидејќи делува рамнодушно и ве прави да се трудите околу него. Тоа е игра која ве ангажира и ви буди пеперутки.

Го има „оној“ израз на лицето
Воопшто не е важно каков израз е тоа. Можеби делува замислено, или сонливо и занесено, или проникливо, или студено (покер фејс), или како да размислува како да го спаси светот.. Изразот на неговото лице бил клучот кој го отворил вашето срце, така да повеќе не сте можеле да одолеете и да се воздржете. Зошто ве привлекува баш тој израз, можеби не знаете точно, следниот пат кога ќе сте спремни да паднете во замката на љубовта повторно, ќе биде исто.

Личи на вашиот бивш партнер
Тоа не може да ви побегне – тој ве потсеќа на вашата најголема љубов а тоа можеби и го забележуваат и другите. Вие сте некако вчудоневидени од тоа, забележувате дека тој се однесува и зборува поинаку, но дефинитивно личи на вашиот бивш а вие поради тоа не се чувствувате пријатно. И се гледате себеси како паѓате на тоа и се прашувате дали може да постои нешто толку банално поради кое би се заљубиле во некого.

Многу гестикулира
Личностите кои постојано ги движат рацете, иразуваат живост и вклученост, додека оние кои седат мирно со рацете покрај телото, делуваат стиснато, вкочането и како нешто да сокриваат. Можеби нема баш да се заљубите во некого само затоа што има доста дескриптивна гестикулација, но секако ќе ви биде посимпатичен и повпечатлив од некој кој воопшто не мрда.

Слични сте
Сте го пронашле својот одраз во огледалото, браво, секоја чест. Сега мможете да се сакате себеси преку друга личност и баш ви е гајле што се зборува дека тоа е себична љубов и дека различноста е она кое не наведува на личен развој и ширење на границите.

Прегледи:
670
Објавено на:
23.06.2020