Веќе седум години, фотографот и дигиталниот артист Џон Вилхем ги документира животите на неговите деца, ставајќи ги во најсмешни сценарија.
Преку интересни фотоманипулации ги претставува нивните секојдневни животи во нереални, фантастични сцени. Вилхем секогаш бара нови идеи за фото манипулации и тоа им станало семеен ритуал низ годините. Неговата жена најчесто му помага во смислувањето и во реализацијата.