Кристен Стујарт присуствуваше на свеченоста организирана по повод Американските Кинематогравски Награди кој се одржа во Лос Анџелес во петокот вечерта.
27-годишната актерка измами воздишки во провокативен црвен фустан со изрези потпишан од дизајнерот Julien Macdonald кој го искомбинјра со речиси незабележливи безбојни сандали.
Стујарт присуствуваше со цел да ја врачи наградата за филмско достигнување која овој пат отпатува во рацете на оскаровката Ејми Адамс.