Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, е позитивен на коронавирус.
Спортските медиуми објавија дека првата ѕвезда на Јувентус е заразена со новиот вирус. Уште еден во низата спортисти кои се борат против Ковид-19.
Роналдо беше тестиран пред натпреварот помеѓу репрезентациите на Португалија и Шведска, кој е планиран за во среда (20.45 часот) во рамките на Лигата на нации, и тој нема да може да биде на теренот во дресот на репрезентацијата.
Во соопштението кое го објави Португалската фудбалска федерација се кажува дека играчот нема никакви симптоми и дека се чувстувва добро.