Категории

Лансиран кондомот кој не може никако да пукне!

Пристигна револуционерната иновација во светот на презервативите. Ако некогаш се сретнете со овој производ, кој го носи името “LELO HEX”, морате да знаете дека се работи за кондомот на иднината, како што го нарекуваат неговите изумители, кои работеле 7 години на производот.

Направени од многу тенок материјал, овие кондоми не можат да се лизнат или да пукнат, па поради тоа се сметаат за револуционерна заштита против ширењето на половите болести и спречувањето на несаканаа бременост.

Споменатите кондоми беа претставени вчера во Њујорк, а и во изгледот се разликуваат од досегашните, бидејќи потсеќаат на пчелично саќе.

Имено, кај овие кондоми, на латексот се наоѓаат шестоаголници, кои ги сочинува материјал кој едноставно не може да пукне.

Се работи за проѕирен материјал, кој е поцврст и шест пати полесен од челик. Се добива од графит, а се состои од атоми на јаглерод, кои создаваат совршена мрежа од хексагони, тенка само 0,3 нанометри.

Цената на кондомот е 12 долари за пакување од 12 кондоми, а цената наскоро ќе се зголеми на 20 долари.

Заштитно лице на кондомот е актерот Чарли Шин, кој е заразен со ХИВ, а кој токму поради тоа одлучи да почне да шири свест за употребата на кондомите.

Прегледи:
561
Објавено на:
17.06.2016