Категории

„Last Expedition“ со нова верзија на „Шефе“ – за XXI век!

„Last Expedition“ со нова верзија на „Шефе“ – за XXI век!


Култниот хит на „Last Expedition“ од втората половина на 90-те, овој пат претставен како „Expedition + пријателите“, е македонско-американско-канадска копродукција.

Клавијатурите, миксот и продукцијата се на Давор Јордановски, гитарите на Кире Најдовски, тапанот го удираше Joe Lana Junior, а басот Brad Johnson.

Интересниот спот, за вториот живот на „Шефот“ го монтираше Благоја Неделковски, според идејата на Енко.

Иако старите верзии на „Шефе (песната и спотот) го имаат култниот статус, актуелниот „Шеф“ е Big Boss на 21-от век.

– Се потрудивме новата верзија да биде градска, народска, светска и не знам уште што. Али мислиме дека успеавме у све, а патем речено да не ја оштетиме – велат од штабот на „Последната Експедиција“.

Во спотот учествуваа, меѓу другите: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева…

Како и: Фриц, Панки, големиот мајстор за коли Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Кристијан Габроски…

Спотот погледнете го на следниот линк:

Прегледи:
756
Објавено на:
13.07.2020