Една французинка сакала за спомен да сними фотографија со лебед додека била во прошетка во еден парк, не мислејќи дека наскоро ќе добие лекција за корона вирусот, и тоа од лебедот.
Видеото кое многу брзо стана вирално на социјалните мрежи и брои милиони прегледи, прикажува жена во Франција која му пристапила на лебед со заштитна маска спуштена под устата но тој многу брзо и покажал како вистински се носи заштитната маска така што со помош на клунот брзо и ја наместил на лицето.
Многу корисници на социјалните мрежи се шалат дека животните подобро од луѓето разбираат како треба да се запре ширењето на коронавирусот.
— -VÉNOM- (@anthonysarti11) September 10, 2020