Категории

Легендата за фестивалот со магични фенери: Игра на светлината која остава без здив! (ФОТО)

Фестивалот на фенери во Кина, познат како „Чап Го Меи“ се прославува и оваа година. Улиците се полни со млади луѓе кои шетаат со надеж дека овој ден ќе ја сретнат вистинската љубов. Овие денови море од лампиони отсјајува на небото и создава вистинска магија и глетка од која застанува здивот.

Постојат две легенди за овој традиционален фестивал:

Првата говори за Бог кој од небото ја контролирал судбината на човечкиот род. Кога ќе се налутел на луѓето, праќал шестнаесет змејови да донесат невреме, глад и суша кај луѓето. За да го смират, кралевите секоја година одржувале церемонии во негова чест. Го молеле за поволни временски условии добро здравје на царот и народот.

Следната говори за жеравата која ја испратил на земјата. Еден ден, селанецот тргнал на лов и ја убил жеравата. Тоа го разбеснело небескиот цар, бидејќи таа била неговата најдрага птица. Планирал да испрати ветрови и оган за да го уништи селото, но неговата ќерка се обидела да ги предупреди селаните.

Еден мудар човек од другото село им предложил на секоја куќа да стават црвен фенер, на плоштадот да постават оган да изгледа како пожар. Кога дошла царевата војска следниот ден, селото изгледало како да гори. Веднаш отишле да му јават на царот. Бил задоволен, па од тој ден секоја година палат црвени фенери.
Прегледи:
692
Објавено на:
14.01.2020