Комфорт Таун претставува посебен станбен блок во украинската престолнина, а необичната населба привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего коцките. Иако се работи за дел од Киев, поради својата изолираност и специфична архитектура, се смета како посебен град.
Архитектите кои ја создале оваа населба Дмитро Васиљев, Александр Попов и Олга Алфјорова, инспирација нашле во шарените градежнички блокови.
За реализација на овој проект биле потребни дури 11 години, но градот е благодарен бидејќи просторот некогаш бил неугледна индустриска зона.
Со зради кои се прекрасно насликани со светли нијанси привлекувајќи внимание со пастелни бои лесни за очите, Комфорт Таун не е тешко да го забележите.
Architects at @archimatika allowed nostalgia to guide the thumbnail-size building blocks for their newest project: Comfort Town, a housing project in Kyiv, Ukraine transformed from an unsightly space into blinding technicolor, and built to resemble lego blocks. #architecture pic.twitter.com/tywCXNZdo9
— gitapr (@GitaPR) November 5, 2021
Како и секој комплекс во градот, има младопродажен дел од 14.763 метри квадратни, а на долните спратови н станбените згради се наоѓаат кафичи, продавници и канцеларии.
Новиот „град“ посебно е прифатен од страна на младите генерации кои живеат во градот и кои уживаат во европскиот стил на живот.
View this post on Instagram
Во склад со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучиле за згради со едноставен облик инспирирани од геометријата и потполно рамни екстериери.