Категории

Лекции кои секоја дама после своја 20-та година ги учи

Многу млади дами едвај чекаат да направат 18 години, но токму таа година брзо лета и пристигнуваат дваесеттите години кои се клучни за секоја жена.

Тоа е период кога се се менува, кога се бараме себе си, нашиот животен стил, нашата кариера, нашата љубов…

Токму во овој период ги учиме најголемите животни лекции кои го формираат нашиот живот, нашите очекувања и нашето чувство за одговорност.

Затоа денес за вас одвоивме некои од тие животни лекции на кои некои од вас ќе се присетат додека други допрва ги очекуваат па се надеваме дека можеби и ќе ги прифатат.

1. Пронајди ја сама својата среќа. Не барај некој друг да го потврди твоето постоење.

2. Ако никогаш не си се посомневала во тоа дали си донела добра одлука, тогаш веројатно се уште не си се впуштила во поголем ризик.

3. Колку подолго чекаш да започнеш со нешто, толку ќе ти биде потешко воопшто да го започнеш.

4. Понекогаш е подобро да отпишеш некои луѓе од својот живот, без разлика колку тоа е тешко, некои луѓе не се вредни да се трудиш.

5. Љубовта не е доволна за долготраен среќен однос. Биди отворена и не се плаши да комуницираш.

6. Секогаш обиди се да ја пронајдеш страста во животот. Никогаш не си престара да учиш нешто ново.

Прегледи:
403
Објавено на:
20.10.2016