Категории

Лекции на кои не научи 2020 година – на потешкиот начин

Декември е период кога ги приведуваме кон крајот годишните впечатоци, размислуваме за изминатата година и правиме планови за следната.

Секоја година воглавно се зборува за новогодишни одлуки, но ретко се зборува за тоа што годината која штотуку завршува не научила.

Факт е дека 2020 година беше особено тешко, а можда и најтешко е тоа што знаеме дека проблемите со кои сме се сретнале ќе се прелеваат и на 2021 година.

Тековната година е прогласена за најлоша година од страна на магазинот Time, но сепак постојат и добри нешта кои им ги донесе на човештвото.

Не научи на трпение
Човековиот род е се по разгален во чекање да се реализира она на кое се надеваме. Се потешко ни е да бидеме трпеливи и се повеќе веруваме дека сето она кое го сакаме треба да ни се случи веднаш. Оваа година ни покажа дека не сме во право и дека трпението е една голема доблест.

Добивме шанса да поминуваме повеќе време дома
Да, знаеме дека на сите тешко ни падна полицискиот час и сите бевме желни за кафе со пријателите, а и сега кога се воздржуваме од секојдневните, вообичаени активности, многу нешта ни недостигаат. Сепак, 2020 ни овозможи повеќе време да поминуваме со онеи кои ги сакаме најмногу, додатно да им се посветиме, да се зближиме и да се поврземе.

Не научи дека е најважно она кое сме го сметале за обично
Се почесто можеме да чуеме луѓе како изговараат „не знаевме колку бевме всушност среќни изминатата година во ова време“. И да, навистина, самата можност да можеме да гледаме лица без маски, сега ни делува како голема среќа. Тоа беа и патувањата, кафето после работа, излегувањата – едноставно животот без плашење и константна дезинфекција.

Научивме дека се може да се промени преку ноќ
И ова е доста важна лекција. Како човечки род, склони сме кон комфорт и не мислиме дека често околностите можат да се променат, нити за нив да се подготвиме. Оваа година многумина ги научи да штедат, наместо да се разфрлаат, и да мислат повеќе на иднината и непредвидливи ситуации.

Не научи на благодарност
Во мигови кога не можевме да ги видиме оние кои најмногу ги сакаме, кога се грижевме за нив, нивното и сопственото здравје, бевме вистински среќници затоа што ни беше достапна дигиталната технологија и бескрајните видео повици. Сето она што досега го земавме „здраво за готово“.

Прегледи:
560
Објавено на:
11.12.2020