Категории

Лесен трик кој ќе ви помогне да не ви се мократ и да не се лизгаат чевлите во зима

Овој итар трик ќе ни помогне во домашни услови да се погрижиме за чевлите и лесно да се спасиме од мокрите чорапи во студените зимски месеци и непредвидено паѓање на земја.

И покрај тоа што се вели дека чевлите од кожа не пропуштаат, од искуство сите ние знаеме дека не е баш така. Експертите објаснуваат дека природните материјали не се водоотпорни.

Проблемот има едноставно решение кое не бара многу време и гарантира одлични резултати.

За целта ќе ви биде потребна една бела свеќа, парче восок од пчели, и вазелин. Трите компоненти се соединуваат на пареа во метален сад. Со помош на четка за заби се мачка смесата врз чевлите. Кожата ќе потемни во почетокот, но откако ќе се исуши, ќе си ја врати нормалната боја. Откако ќе ги намачкате чевлите и ѓонот, треба да ги исушите со фен. На крај, целата течност треба да биде упиена во кожата и да нема потемни делови.

После ова чевлите стануваат водоотпорни. Но овој трик се користи само за чевли изработени од природна и мазна кожа.

Имаме уште еден трик кој ќе ви помогне чевлите да не ви се лизгаат кога надвор е замрзнато. За целта ќе ви биде потребен кафеав фластер, од оној што е изработен од платно и се продава во ролна. Делови од него треба да се залепат на неколку места од долната страна на чевлите, на три места одалечени на 2 см, па тоа ви гарантира стабилност врз замрзнато тло.

Прегледи:
390
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.01.2017