Новата хит серија коха се емитува на ТВ Сител, „Убавата селанка“ веќе стекна голема популарност токму поради многуте смешни и возбудливи сцени, ликови и сценарио.
Приказната од ден на ден станува се поинтересна, а веќе е јасно дека убавата селанка, односно Ѓул и шармантниот Џемал наскоро ќе бидат заедно.
Ако редовно ја следите серијата, тогаш сигурно веќе ви е јасно дека оваа турска комедија не би имала тажен крај како останатите серии.
Иако се емитуваат привите епизоди, веќе со нетрпение очекуваме кога Џемал и Ѓул најпосле ќе станат момче и девојка, па и нешто повеќе од тоа.
Претпоставуваме дека сакате да ја нахраните вашата љубопитност, па затоа ви откриваме дел од последните сцени каде омилените ликови ја слават љубовта со голема селска свадба.