Категории

Љубов, секс, кариера: Кои се најдобрите години во вашиот живот

Просечната личност е најбогата на 47 години, покажаа новите научни истражувања.

Истражувањето спроведено врз 2.000 мажи и жени во Велика Британија откри дека во просек, луѓето биле најсреќни на 39-годишна возраст, во својата кожа најубаво се чувствуваат на 31 година, а во кариерата најуспешни се на 38 години.

Според студијата, други важни години во животот се 40 кога најмногу сме задоволни од љубовта, додека нашите приходи се најдобри на 42.

 

Овие се најважните години во животот на луѓето:

  • Ние сме најздрави во нашата 30-та година
  • Најбогати во 47 година.
  • Најсреќни на 39 години.
  • Најзадоволни со изгледот на 31.
  • Најсреќни од својата кариера на 38.
  • Најдобар секс имаме на 32 години.
  • Најзадоволни сме од врската на 40.
  • Вистинската љубов ја наоѓаме во 32 година.
  • Најдобри приходи имаме на 42.
Прегледи:
563
Објавено на:
23.10.2019