Овен
Овој месец ќе чувствувате многу страст. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, ќе си поминувате како никогаш досега, а сексуалната енергија особено ќе биде нагласена. Искористите ја наклонетоста на ѕвездите во ваша поза. Ако сте во долга и сериозна врска – нешто ќе се случи, или ќе раскинете или ќе се решите да ја однесете врската на повисоко, посериозно ниво.
Бик
Април носи турбулентни денови кога станува збор за љубовта. Ако сте сингл, тоа ќе се промени единствено ако вие тоа го сакате. Моменталните прилики не ви се допаѓаат премногу. Доколку сте во врска, овој месец носи проблеми со вашата блиска личност. Некои работи ќе излезат на виделина и нема да знаете како да се носите со тоа. Не очајувајте, ова е само моментален стрес кој брзо ќе помине.
Близнаци
Овој месец вашата врска ќе биде на проба. Проблемите кои ќе се појават ќе направат да се запрашате дали навистина сте среќни во врската и дали е тоа што го сакате. Затоа, преиспитајте се себеси и своите очекувања. Силните врски ќе опстанат, додека пак оние слабите – ќе пукнат. Немојте да се брзате за врска или брак, само за да не бидете сами. Слушајте ги своите чувства, желби и потреби. Вие најдобро знаете.
Рак
Кога станува збор за вашиот љубовен статус, април е месец на убава комуникација. Затоа, ако сакате нешто, искомуницирајте добро. Ако се случи некаков проблем, не очајувајте веднаш, туку зборувајте. Ништо не е толку страшно колку што изгледа. Освен тоа, овој месец морате да имате на ум, колку и да ве сака некој , тој ќе направи обид да биде со вас, нели? Затоа, бидете отворени и комуникативни.
Лав
Вам ви се брза и сакате да видите што ќе се случи со вашиот љубовен живот, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Но, ако ги силите работите, нема да постигнете ништо. Затоа, смирете ги страстите, воздивнете, дишете и бидете трпеливи. Некои нешта не можете да ги држите под контрола, бидејќи морате да пуштите да се решат сами од себе. Затоа, ако е судено – тоа и ќе се случи. Чекањето понекогаш е тешко, но немате избор.
Девица
Април за вас е месец за љубов. Ќе бидете среќни како никогаш и ќе уживате во својот љубовен статус, каков и да е. Крајот на април носи позитивни промени и интересни случувања, а на вас е да се препуштите и да уживате. Ако се размислувате за проширување на семејството, април е совршен месец за тоа.
1 2