Вага
Време е за љубовни преиспитувања. Всушност, време е да ги преиспитате своите чувства за да знаете дали сте задоволни таму каде што сте, или потребно е да ја завршите врската? Секако, предизвиците кои ги имате, ќе ви дадат одговори на многу прашања кои постојано ги баравте, а крајниот резултат ќе биде добар за вас. Ако сте сами, овој месец има потенцијал да ви го донесе идеалниот партнер.
Шкорпија
Ако овој месец сте во потрага по љубовта, љубовта конечно ќе ве пронајде вас. Време е конечно да го смените својот сингл статус, а пролетта ќе донесе многу убави моменти во вашата врска, нова или постара и посериозна. Немојте премногу да размислувате, само препуштете се. Зафатените Шкорпии ќе уживаат како никогаш.
Стрелец
Вашиот љубовен статус во текот на овој месец ќе биде оптеретен со работата, односно поради „трчањето по кариера“ тешко ќе можете да се сконцентрирате на своите љубовни чувства. Тоа не мора да биде лошо, особено ако сте сингл. Ако сте во врска, ве очекува луда забава со партнерот и ќе се чувствувате многу моќно. Планирате брак или проширување на семејството? Направете го тоа.
Јарец
Бидете подготвени за пролетно чистење на емоциите. Ако сте сами, конечно ќе сфатите што навистина значи да „тргнете во лов“, но ако сте во врска бидете подготвени дека вашата љубов можеби нема да преживее. Ако тоа што го имате е силно и стабилно, немојте да се плашите, нештата ќе дојдат на свое, но ако сте долго време во криза, двајцата ќе тргнете по својот пат.
Водолија
И вам ви доаѓа опасност од кршење на вашето срце. Април ќе донесе одговори на прашањата кои долго време ги имавте, но ќе преживеат само силните и стабилни врски. Сепак, размислувајте позитивно – ако вашата врска не е квалитетна, подобро е да сте сами, отколку заглавени во хаос. Крајот на месецот носи подобрување на љубовен план.
Риби
За родените во овој знак, април носи среќа во љубовта. Но, ја заслуживте конечно. Ако сте сингл, тоа нема да биде долго така, додека пак Рибите кои се во врска, ќе ја однесат врската на повисоко ниво. Овој месец ѕвездите ви се наклонети за романтично уживање.
1 2