Категории

Љубовта не треба да те праши – Она од кое треба да стравуваш е незаљубувањето

Се заљубувам во зборови, букви и изгрејсонца. Не се плашам да се заљубам. Преплашена сум само од незаљубувањето..

Не се плашиш ли дека ќе се заљубиш?
-Не! Се заљубувам секогаш кога ќе излезам од влезната врата. Се заљубувам во луѓе, места и работи. Се заљубувам во начинот на кој облаците прават необични форми на небото и малиот цвет што е доволно храбар да порасне низ пукнатина на тротоарот.

Се заљубувам во малата насмевка на странецот во метрото што ме носи на работа.
Се заљубувам во луѓе кои ме кршат, а потоа се заљубувам во лузните кои повторно стануваат посилни на нивно место.
Се заљбувам во секое изгрејсонце што го гледам затоа што иако не можев да спијам, тоа значи дека новиот ден штотуку започнува.

Се заљубувам во зборови, букви и изгрејсонца. Не се плашам да се заљубам. Преплашена сум само од незаљубувањето..

Прегледи:
576
Објавено на:
11.06.2021