Категории

Луѓето што доцнат се покреативни и поуспешни

Сите ние го имаме оној пријател или колега кој постојано доцни. Луѓето кои вечно доцнат на сите видови на договори, а особено на оние кога ве лажат дека ќе дојдат за 5 минути, додека всушност сѐ уште ги облекуваат чевлите, често се сметаат за безобразни, себични и за такви кои не знаат да го ценат времето на другите.

Но, според тврдењата на двајца новинари на “Business Insider”, Сабрин Хофман и Џон Стенли Хантер, изгледа дека оваа иритантна маана е всушност доблест.

Објаснувањето е дека личностите кои секогаш доцнат ги красат карактеристики како мултитаскинг, креативност и оптимизам, што се доста посакувани карактеристики, како во приватниот, така и во деловниот живот.

А, еве и како овие новинари го објаснуваат тоа.

Имено, оптимистите имаат тенденција да веруваат дека имаат повеќе време на располагање, отколку што имаат навистина, што ги прави да поминуваат полежерно во животот.

Исто така, иако не се конкурентни и организирани, тие се покреативни и поопуштени луѓе, кои имаат слаба перцепција за времето.

Конечно, при правењето на повеќе работи одеднаш понекогаш имаат тенденција да изгубат чувство за време, феномен кој многу добро го знаат сопствениците на мали бизниси и вработените мајки.

Секако, на овие нивните тврдења им фали поткрепа од научни докази, но сигурни сме дека оваа вест ќе биде дочекана многу позитивно од страна на оние кои со своето доцнење ги излудуваат членовите на своето семејство, пријателите и партнерите.

Како што заклучуваат Хофман и Хантер, склоноста да ја погледнат поголемата слика е она што ги разликува лидерите, уметничките визионери и успешните претприемачи од личностите кои се фатени во замката на секојдневните рутини.

Прегледи:
495
Објавено на:
17.07.2016