Категории

Мачор фрлен во вреќа на ѓубриште беше спасен и сега стана почесен заменик министер на животната средина на една руска област

Тој бил само уште еден домашен миленик кој сопствениците го оставиле во ѓубриште.

Кога еден работник на руска фабрика за одвојување отпад спаси мачор од непосредна смрт, не ни мислеше дека сето тоа ќе заврши со почесен наслов и фремење во фотелја на владиниот чиновник. СНимките на надзорната камера во фабриакта за преработка на отпад во Улјанов, град околу 700 километри југоисточно од Москва покажале дека во понеделникот на 21 декември, работникот Михаил Тукаш извадил бела пластична кеса и во неа бил сокриен црно-бел мачор.

„Почувствував нешто меко во ќесата“ – рече за таблоидот Московски Комсомолетс на кого локалните власти им дадоа признание за спасување.

Спасувањето на мачката беше емитувано на телевизија и на социјалните мрежи кое го направи херој и славна личност.
Мачорот го вдоми регионалното министерство за животна средина во Улјанов, и неслужбено му додели позиција на заменик министер за екологија.

„Мачорот беше на ивица на смртта“ – се наведува во соопштението на министерството.

„Уште малку и ќе завршеше во уредот за одвојување ѓубриште“.

На фотографијата од споменатото министерство се гледа дека мачорот дреми на столица во канцеларијата на министерката за заштита на животната средина и го истражува својот нов дом.
Министерството објави национален конкурс за избор на име на мачорот, за кој рекле дека ќе биде утврдено дека е во добро здравје откако беше прегледан од ветеринар.

„Сакам да апелирам на властите на домашни миленици: Имајте на ум дека сте одговорни за оние кои сте ги вдомиле“ – истакна Рахматулин.

„Ако вашиот миленик не можете да го држите дома, секогаш можете да го оставите во добри раце или во засолниште“.

 

Прегледи:
781
Објавено на:
26.12.2020