Категории

Мадона го прослави 58-от роденден на Куба

Американската кралица на попот, Мадона, во вторник го прослави педесет и осмиот роденден во Хавана, главниот град на Куба, каде допатува во понеделник навечер со членовите на семејството и пријателите, пишува кубанскиот печат и социјалните мрежи.За прославата на Мадона прв објави кубанскиот официјален веснк „Гранма“, којшто информира дека дивата во понеделникот посетила повеќе места во градот, а нејзината посета ќе заврши во среда.

Мадона е последна на листата на славни личности кои ја посетија Куба откако американскиот претседател, Барак Обама, по повеќедецинско непријателство, ги смири односите со Куба и ги олесни рестрикциите за патување за американските граѓани.

Меѓу славните личности кои го посетија островот се Ким Кардашијан, Бијонсе и Џеј – Зи, Ријана и Леонардо Ди Каприо.

Прегледи:
369
Објавено на:
18.08.2016