Божиќните маркети не се само место за да се купи нешто. Тоа е место каде што ладните зимски денови стануваат топли, стануваат полни со раздвиженост, разговор, споделување на топли желби за новата година и ширење љубов. Ако никогаш не сте биле на божиќен маркет, Fly Turizam ви нуди можност да посетите еден од нив во Кипар, Малта или пак Будимпешта, а еве што можете да очекувате:
View this post on Instagram
Храна и пијалок
Во зависност од тоа каде сте, на божиќните маркети секогаш има штандови со традиционална божиќна храна (солени или слатки закуски) и нешто топло за пиење. Храната вклучува разни видови на традиционални солени јадееа, но и тортички, штрудли, вафли. Од пијалок скоро секаде има топло чоколадо, топло какао и греано вино, како и други топли напитоци.
Ракотворби
На ваквите маркети редовно се наоѓаат прекрасни штандови со ракотворби. Ракотворбите најчесто се поврзани со божиќните празници и со зимата. Па така, можете да најдете топли џемперчиња, капчиња, шалчиња и се друго што топли. Понатаму, може да се најдат рачно изработени лампиони, честитки и други новогодишни украси.
View this post on Instagram
Забавна програма
Обично барем во некој дел од денот на божиќните маркети има и забавна програма. Ова може да е некоја претстава поврзана со Нова година или Божиќ, некоја музичка изведба или нешто за деца.
Лизгалиште
Многу често во склоп на божиќните маркети се поставува и лизгалиште, кое го користат и децата и возрасните.
View this post on Instagram
Наши предлог дестинации за најубавите божиќни маркети се Кипар, Малта и Будимпешта, за кој Fly Turizam имаат организирани програми за посети.
Посетете ја веб страната на Fly Turizam и резервирајте ја својата следна авантура!