Категории

Мајк Тајсон се поднови со нова палата во Лас Вегас (фото)

Боксерската легенда, Мајк Тајсон, уште еднаш покажа дека знае како се живее шампионски. Озлогласениот хулиган со екстравагантен начин на живот си купи нова и поголема куќа во Лас Вегас, пред да ја продаде претходната палата.

Железниот Мајк изброја 2,5 милиони долари за оваа придобивка, која е веднаш до имотот од кој што сака да се ослободи.

49-годишниот ексшампион во тешка категорија во текот на професионалната кариера натрупа богатство од 400 милиони долари, но, на крајот, потроши сè.

Во 2003 година тој дури беше принуден да прогласи банкрот. На крајот, родениот слилеџија во Њујорк, застана на нозете. Диносаурусот може да се пофали со сопствено анимиранo шоу – „Мистериите на Мајк Тајсон“, како и со учества во неколку „Холивудски“ филмски хитови.

la-fi-hotprop-mike-tyson-house-20160122-photos-012

la-fi-hotprop-mike-tyson-house-20160122-photos-016

Прегледи:
571
Објавено на:
24.01.2016