Категории

Македонецот Дарио Ивановски е победник на белградски полумаратон!

Викендов во Белград се одржа трационалниот Белградски Маратон, а посебна гордост за нас е што младиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот.

Дарио е роден 1997 година и воедно е еден од најмладите атлетичари на белградскиот хепенинг, а воедно итТројцата македонски „полумаратонци“ остварија одлични резултати на белградски полумаратон!

Имено, Дарио Ивановски роден 1997 година, нашиот најмлад и најнадежен атлетичар полумаратонот го истрча за време од 1:10:00 што воедно претставува негов личен рекорд. Фантастично време во силна конкуренција на одлични атлетичари од цела Европа. Додека Милош Ранчиќ исто така оствари одличен резултат освојувајќи го петтото место на овој полумаратон. Милош патеката ја истрча за 1:16:09.

Нашиот „сениор“ претставник Игор Јакимовски кој е тренер на Дарио и оснивач на клубот „MC Running team“ е прв во конкуренција мастер (40 до 45 години) но исто така и единаесетти во вкупниот пласман. Игор Јакимовски патеката долга 21,0975 км ја истрча за 1:18:47!

Секоја чест за нашите атлетичари за ова високо достигнување!

 

 

Извор: http://mladiisport.mk/

 

Прегледи:
462
Категории:
Спорт
Објавено на:
24.04.2017