Македонката која го победи коронавирусот испеа песна за медицинските лица и пациентите! (ВИДЕО)

Михаела Јаневска е еден од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома. Оваа девојка сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се сè уште во болница и се борат со вирусот.

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – вели Михаела.




Коментари

[fbcomments]