Категории

Македонскиот шампион маратонец со нов рекорд!

Македонскиот шампион и маратонец Дарио Ивановски постави нов рекорд во македонската атлетика.

Имено, на маратонот којшто се одржа во Севиља, Шпанија тој истрча за неверојатни 2:08:25 .

На овој маратон имаше претставници од целиот свет, а нивната цел беше да обезбедат учество во Олимписките игри во Париз и учество во Европско првенство во атлетика во Рим.

Дарио оствари извонреден резултат што е само 15 секудни до олимписката норма за Париз така што би требало да скокне во ранг листата, а исполенета е и нормата за учество во Европското првенство во Рим.

Прегледи:
153
Објавено на:
18.02.2024