Категории

Мал гениј: 9-годишно дете запишало факултет: “Сакам да докажам дека Бог постои”

Вилијам Маилис не е обично дете. Тој оди на колеџ, сака да стане астрофизичар и има една цел – да докаже дека постои Бог.

Иако има само девет години, Вилијам веќе завршил средно училиште и сега веќе оди на колеџ.

Тој моментално работи на докажување на своите теории за тоа како настанал универзумот и сака да стане астрофизичар.

Овој мал гениј од Пенсилванија рекол дека сака на сите да им докаже дека Бог постои. Тој тоа ќе го направи така што ќе покаже дека, како што вели, само надворешна сила може да го создаде универзумот.

Родителите на Вилијам објасниле дека тој покажал неверојатен напредок во учењето уште додека бил многу мал.

На само 6 месеци, детето можело точно да идентификува броеви, а на седум веќе и течно зборувало.

На две години Вилијам научил да чита, пишува и множи. На 4 години научил да го чита грчкиот јазик, а со само 5 научил геометрија.

Ова 9-годишно дете оди на колеџ, а неговиот професор по историја вели дека забележал само една разлика помеѓу него и останатите студенти.

“Вилијам е единствениот кој на предавањата не фаќа забелешки. Наместо тоа, тој слуша и чита”, вели професорот.

Прегледи:
482
Објавено на:
05.10.2016