Категории

Мала слатка приказна за љубовта

Да сакаш не значи да водиш љубов, или да бидеш добар кон сопружникот, или трпеливо да го воспитуваш своето дете, или да го водиш внукот во парк. Да, ова се гестови кои произлегуваат од љубов, но тоа не е дефиниција за љубов. Да сакаш значи да бидеш свесен за сѐ околу себе. Да сакаш значи искрено да се заљубиш во својот живот и во идејата за живот воопшто.

Љубов значи да ги сакаш сите луѓе и да го цениш нивното постоење, колку и понекогаш тоа да е нелогично. Да сакаш значи да обрнеш внимание на животните и природата околу себе и да ги чуваш како што ги чуваме своите домови и личните предмети во нив. Да сакаш значи да ја сфатиш поентата на нашите проблеми, искушенија, немили настани.

Љубов значи да се биде свесен за она што го имаш, за сѐ што си постигнал. Љубовта е фокус на животот и обид да се сфати што значи и зошто сме го добиле како подарок. Човекот кој е искрено благодарен за својот живот ќе засака сѐ што ќе влезе во неговиот живот, без разлика дали тоа изгледа дека е добро или лошо.

А зошто ви го пишувам ова? За да ви ја понудам преку ова писмо својата искрена љубов, со надеж дека ќе сфатите како таа функционира, и ќе го искористите тоа знаење за себе.

Прегледи:
418
Објавено на:
23.12.2021